
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ЕСМ по одлуката да ја ангажира „Топлина“ Подмоље со останатите подизведувачи за ископ на јаглен за 25 милиони евра, склучи и договори за помошна механизација во рудниците на РЕК Битола со три компании, меѓу кои и подзаборавениот ГП Пелистер од Битола, објави Фактор.мк.
Откако почина сопственикот Силјан Мицевски компанијата ја презеде неговата ќерка Татјана Стерјева, сопственичката на втората најголема веледрогерија во Македонија „Еурофарм“.
Битолската градежна компанија „Пелистер“ од 2014 до 2017 година оствари приходи од 70 милиони евра и добивка поголема од 8 милиони евра. Во тој период во РЕК Битола доби три тендери во вредност од 47,8 милиони евра (најголемиот од нив вреден 40 милиони евра заедно со „Трансмет“) . За 4 години главнината и резервите на „Пелистер“ пораснаа за 6,5 милиони евра до износ од 40 милиони евра.
„Пелистер“ во последните години не беше меѓу најуспешните битолски претпријатија, а приматот кај РЕК Битола во оваа дејност му го зеде „градскиот ривал“ Марковски Компани, кој во меѓувреме беше „суспендиран“ од новото раководство на термоелектраната. Сопственикот Силјан Мицевски, најпознатиот бизнисмен од Битола и поранешен градоначалник на градот, почина во декември 2023, а во компанијата го наследи ќерката Стерјева.
Извор Фактор.мк