
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со решение на министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, за вршител на должноста директор на ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ – Битола е именувана Билјана Божиновска Лозановска.
Новата в.д. директорка е логопед-дефектолог, која на оваа позиција доаѓа од Центарот за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација – Битола, каде што ја градела својата професионална кариера.
Божиновска Лозановска е кадар на политичкото движење ЗНАМ, коалициски партнер во актуелната влада. Дипломирала на Факултетот за дефектологија при Универзитетот во Белград, каде го стекнала своето високо образование и стручна подготовка во областа на логопедијата.
Денес таа и официјално ја презеде функцијата, откако беше извршено примопредавање со досегашниот директор, д-р Крсте Граматковски.