Според соопштението од СВР – Охрид, во несреќата учествувале три патнички моторни возила и тоа „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки управувано од З.Д.(64) од Битола, „форд“ со кичевски регистарски ознаки управуван од А.Р.(63) од село Горно Страгомиште, кичевско и патничко возило „опел“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Х.Е.(38) од Гостивар.
На лице место загинале возачите З.Д. и Х.Е., а сопатничката од патничкото возило „опел“ Б.Е.(38) од Гостивар, била пренесена во Медицинскиот центар Кичево каде им подлегнала на повредите здобиени во незгодата.
Во несреќата со телесни повреди се здобиле уште и возачот на кичевскиот „форд“ А.Р. и неговата сопатничка А.А.(67) од село Колари, сопатникот од возилото „мерцедес“ Д.С.(37) од Кичево и сопатниците од патничкото возило „опел“- тројца малолетници од Гостивар и Р.Е.(60) од селото Шутово, кичевско.
На местото на несреќата е извршен увид од јавен обвинител, судски сообраќаен вештак и полициски екипи.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој денеска беше во работна посета на Охрид, пред медиумите истакна дека првичните информации во врска со несреќата укажуваат дека причина за сударот е неприлагодена брзина на движење на возилата на патот.
– Во синоќешната сообраќајка, за жал, животот го загубија три лица. Согласно првичните информации што ги добив станува збор за емормно неприлагодена брзина на еден од учесниците кој, за жал, е починат, рече Тошковски.
Бројот сообраќајни жртви во првото тримесечје од годинава, според министерот, е отприлика сличен како минатата година, но како што оценува, бројките се катастрофални споредбено со европските стандарди.