
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Порталот "ПАРИ" објави - Дали има услови за СН Осигурителен Брокер да се отвори стечајна постапка ќе одлучува Основниот суд во Битола. Рочиштето за испитување на условите е закажано за 15 мај.
Во меѓувреме, на случајот ќе работи овластениот времен стечаен управник, чија обврска е да го заштити имотот на СН Осигурителен Брокер, со цел да се избегне можноста од негово намалување. Воедно, и да утврди дали со тој имот може да се намират трошоците на постапката и да изготви извештај за економско-финансиската состојба на должникот.
Исто така, со решението на судот за поведување претходна постапка заради утврдување на условите за отворање стечајна постапка, се забранува „определување или спроведување на присилно извршување или обезбедување против должникот“. Забрана има и за исплата од сметките на осигурителното брокерско друштво. А, се повикуваат должниците „и должниковите солидарни содолжници и гаранти без одлагање да ги исполнат своите обврски кон должникот“. Целиот текст на https://pari.com.mk/sn-osiguritelen-broker-pod-lupa/