2win800x200

СВР Битола го одбележа Денот на македонската полиција

Мај 07, 2025

СВР Битола и оваа година традиционално како и Министерството за внатрешни работи продолжува заедно со граѓаните да го чествува Денот на македонската полиција – 7 Мај. По тој повод, денеска Кабинетот на СВР Битола и сите припадници на полицијата при СВР Битола за одбележување на празникот положуваа свежи цвеќиња пред споменикот на бранителите СВР Битола и пред споменикот „Анѓел" пред градскиот часовник.Исто така ,вратите на СВР Битола и останатите ОВР и полициски станици беа отворени за сите граѓани за посета , а посебно за најмладите деца од градинките и училиштата како од Битола така и во останатите ОВР при СВР Битола .Со прикажување на опремата и возилата најмладите денеска се запознаа и со улогата на чичко полицаец.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани