
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолската собраќајна полиција реагираше експресно и го санкционира возачот кој на видеото на АПЛА, објавено вечерва дивееше по улиците низ градот. Портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова, за АПЛА вечерва потврди дека возачот е санкциониран а возилото одземено. Станува збор за момче со иницијали В.С, роден 2000 година во Битола. За да биде проблемот уште поголем, момчето возело нерегистрирано возило "BMW - серија 3" и немало возачка дозвола. Според СВР Битола изминатиот викенд заради предизвикување бучава од сообраќај биле отстранети 7 мотори. Полицијата најавува дека со интензивни контроли и мерки за учеството на мотоциклистите во сообраќајот ќе се продолжи и во следните денови.