2win800x200

Екс директорката на ОУ "Тодор Ангелевски", Љубица Стерјева со јавна поддршка за наставничката која наводно физички нападнала дете

Мај 09, 2025

Поранешната директорка на ОУ "Тодор Ангелевски" Битола, Љубица Стерјева, во коментар за "Апла" вели дека неосновани се  обвинувања за наставничката пријавена во СВР Битола дека во неколку наврати физички нападнала дете. Стерјева иако не го открива идентитетот на наставничката дава  поддршка за неа нагласувајќи дека поддршката е од колективот. 

 
" Со целосна одговорност ја отфрламе пријавата поднесена против наставничката, бидејќи истата претставува список на манипулации, невистини и свесни извртувања на фактите, со единствена цел да се наруши угледот на млада, посветена и вредна учителка. Наставничката со години наназад доследно и професионално ја извршува својата работа, со целосна посветеност кон учениците и почитување на етичките и воспитни норми.
 
Колективот на училиштето ја познава вистината и целосно стои зад наставничката, потврдувајќи дека нејзиното однесување секогаш било во склад со педагошките принципи и човековото достоинство. Наместо реална загриженост, станува збор за тенденциозни и злонамерни обвинувања, чија цел е лична пресметка и нарушување на работната атмосфера.
 
Ќе бидат преземени сите правни и институционални мерки за заштита на личниот и професионален интегритет на наставничката, како и на достоинството на наставничката професија во целина.
 
Во оваа прилика, јавно ја повикувам целата наставничка фела – сите колеги и колешки од образовниот систем – да застанат во поддршка на нашата колешка, која е неправедно нападната и изложена на неосновани обвинувања. Денес е таа, утре може да биде било кој од нас. Време е да покажеме солидарност, професионална чест и заемна заштита од обиди за рушење на угледот на наставничката професија преку манипулации и лични пресметки.", пишува екс директорката Стерјева. Денеска, СВР Битола информира дека - На 08.05.2025 во 19.30 часот во СВР Битола, М.Ј.(38) од Битола пријавил дека во основното училиште во кое учела, неговата малолетна ќерка во повеќе наврати била физички нападната од наставничката Г.Ј.. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани