
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во рамки на презантацијата на нацрт СТУДИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ЛЕТЕН И ЗИМСКИ ТУРИЗАМ НА ПЕЛИСТЕР нарачана од Општина Битола, ЈУНП Пелистер и Федерацијата на планински спортови на Македонија потпишаа меморандум за соработка. Воспоставувањето на систем на планински патеки, промоцијата на планинарските спортови и размената на искуства и знаења во насока на унапредување и равој на туризмот ќе бидат основи на идната соработка согласно предвидените активности во студијата. Директорот на НП Пелистер, Иванчо Тошевски вели дека ЈУНП ПЕЛИСТЕР отпочнува со реализација на предвидените активности во Студијата за развој на летен и зимски туризам на Пелистер.