2win800x200

Христина Фуна: Да создадам простори каде што квалитетот е норма, а не исклучок!

Мај 11, 2025

Некои бизнис приказни почнуваат од големи амбиции. Други — од вредности што тивко се пренесуваат низ генерации. За Христина Фуна, патот почнува таму каде што стабилноста на семејната традиција се среќава со желбата за нови хоризонти.

Нејзиниот татко, Славко Петровиќ, пред точно 35 години ја формираше СИНПЕКС Битола — компанија што стана лидер за продажба на земјоделска, градежна механизација и пратечки светски брендови од слични индустрии, но и симбол на доверба, интегритет и професионалност во регионот. Вредностите што тој ги постави како темел, денес Христина заедно со својот брат Синиша Петровиќ, својот сопруг и новата генерација – ги развива со истата пасија, но со поглед вперен кон иднината. Семејството останува срцето на оваа приказна. Секој успех е заеднички успех, секој предизвик – заедничка лекција. Тоа ја обликува Христина не само како деловен лидер, туку и како чувар на една поголема мисија: да создаде бизнис што опстојува, но и инспирира.

Но Христина не застанува тука. Во рамките на UTOPIA Private Business Club кој го формира пред една година, таа ја основа UTOPIA Academy — платформа која не се обидува само да нуди обуки, туку има за цел да ја редефинира самата култура на учење и личен раст. И во време кога пазарот нуди илјадници брзи курсеви и “инстант” решенија, таа инсистира на нешто поретко: автентично знаење, длабоки искуства, и создавање заедница што размислува подлабоко.

Со доведување на имиња како првата лига во дигиталниот маркетинг во регионот: Иван Миниќ, Милош Скокиќ, Горан Магдиќ, Даниел Милошевиќ, Светозар Круниќ, Александар Ашковиќ, а наскоро и Роко Водопија како врвен консултант за лидери и трансформација на компании во средна и југоисточна Европа, Христина поставува јасен стандард: да не се стремиме кон повеќе — туку кон врвно. Ова е разговор со жена која верува дека најголемата иновација е да останеш верен на суштината, додека ја градите иднината. 

 

Христина, твоето патување почна во СИНПЕКС, а денес си предводник на нови иницијативи како UTOPIA Academy. Кога дојде тиј миг дека сакате да создадете нешто свое?                                                                     

Мислам дека идејата за создавање нешто свое никогаш не почнува од еден голем момент. Почнува од малите нешта што не ти даваат мир. Светот во кој формата станува поважна од суштината не е светот во кој сакам да делувам. Гледав како знаењето околу нас станува брза стока – и си реков: а што ако го вратиме на неговото вистинско место? Не како производ, туку како предизвик. Тој предизвик стана мојата мисија. А UTOPIA Academy е само почеток на таа идеја што расте. Тоа е мојот начин да вратам нешто на заедницата која ме изгради. Мојата мајка помина децении од нејзиниот живот во образование и можеби оттука тој порив сега и кај мене

Колку вредностите од семејниот бизнис ве обликуваа во креирањето на UTOPIA Academy?     

Семејниот бизнис ме научи многу деловно и искуствено, но три нешта ме обликуваа и тоа: трпението, тежина на зборот ‘доверба’ и секогаш доследност кон ‘интегритетот’. Во светот каде сè е инстант, ми се чини дека вистинските вредности се најреволуционерните идеи. И тоа го пренесувам во UTOPIA. Ќе бидам секогаш благодарна на моите родители, на брат ми, на мојот сопруг и на сите што ја носат нашата приказна напред – со срце, не само со план.

новинарка | Љубица Ангелкова https://inovativnost.mk

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани