2win800x200

Пелистерскиот Водопад од денес е со уредена патека и поставени нови содржини за одмор и престој

Мај 12, 2025
Пелистерски водопад Пелистерски водопад

Пелистерскиот Водопад од денес е лесно достапен за сите. Патеката е уредена и поставени се нови содржини за одмор и престој на крајната локација, информира Иванчо Тошевски директор на НП Пелистер Битола. Сместен на надморска височина од 1.550 метри, на 3,5 километри оддалеченост од село Ниже Поле под месноста Црвени Стени. 

-Денес вработените од ЈУНП Пелистер со помош на коњи и поддршка на локалното население од Нижо Поле, работеа на уредување(расчистување и маркирање) на патеката која води до една од најлесно достапните убавини на Пелистер, тоа е Пелистерскиот Водопад. Крајната локација е уредена со нови содржини за пријатен престој и одмор на сите поситители. Планинската патеката е од лесна категорија со вкупна должина од 3km, и é лесно достапна за сите љубители на природата, инфомираат од установата.

Можно е да е слика од водопад

Можно е да е слика од 3 луѓе

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани