2win800x200

Злато за златните гласови на мешаниот хор при КУД „Стив Наумов“ -Битола на меѓународниот хорски натпревар во Бјелина

Мај 12, 2025

Во две различни категории, за православна музика и категоријата на мешани хорови, мешаниот хор при КУД „Стив Наумов“ од Битола освои три златни медали. Имаше конкуренција од десет хорови во овие категории. 

На фестивалот учество зедоа преку 40 хорови од различни стилови и категории.

Натпреварот се одржа од 9 до12 мај во Бјелина, БиХ, Република Српска.

-Освоивме прво место со 98, 57 поени во категоријата за православна музика, каде настапивме во прекрасната црква “Пресвета Богородица“, понесени од прекрасната акустика и љубовта кон акапела пеењето. Исто така прво место со 98 поени имаме во категоријата за мешани хорови, а настапивме во прекрасната сала на “Соколски дом“ простор кој исто така не понесе да на сцената хористите се опуштија и ги раширија своите гласови. И уште една златна медаља која мене ми е најдрага, за најдобра изведба на современо дело. изјави диригентот професор Лилјана Трајковска Димевски.  

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани