2win800x200

Претрес во село Обедник, пронајдено оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

Мај 14, 2025

Денеска (14.05.2025), полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Демир Хисар го лишиле од слобода М.С.(62) од с.Обедник, демирхисарско. Врз основа на наредба од Основен суд Битола извршен бил претрес во домот и помошните простории кои ги користи М.С. во с.Обедник, при што биле пронајдени и одземени четири пушки, еден пиштол и 158 куршуми различен калибар. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани