Студентите од студентскиот дом „Кочо Рацин“ Битола се севкупни победници во спортските игри на „Домијада 2025“, во конкуренција на сите студентски домови во Македонија.
Спортскиот натпревар се одржа во Струга од 30 мај до 1 јуни годинава. На натпреварите учествуваа околу 100 учесници студенти од целата држава.
Студентите од студентскиот дом „Кочо Рацин“ Битола беа победници во фудбал, пинг-понг жени и мажи и шах жени.