2win800x200

Трка со планински велосипеди на Смолево

Јуни 02, 2025

ТРКА СО ПЛАНИНСКИ ВЕЛОСИПЕДИ ВО „БАЈК ПАРК СМОЛЕВО“

 
Изминатиот викенд, во „Бајк Парк Смолево“, во организација на „Екстрим Бајк Тим“ од Битола се одржа втората „Smolevo Uphill Race“ – трка со планински велосипеди на нагорнина. Трката се одржа на патеката за искачување која се протега од црквата „Свети Атанас“ - Смолево до каналот, во должина од 2,8 км, висинска разлика 187м, со средна тежина и најстрмен нагиб од 7%. Меѓу натпреварувачите, лиценцираните велосипедисти, настапуваа во категориите: јуниори, кадети, сениори, мастерс и жени, додека категориите на нелиценцирани велосипедисти беа поделени на: хоби 12-16 години, хоби 16+ години, ветерани 45+ години и електрични велосипеди.
 вело
Овој настан беше вистинска потврда дека, спортот создава посебна енергија и атмосфера исполнета со многу адреналин и спортски дух.
 
Натпреварувачите и публиката ги поздрави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој им честита на организаторите и наградените и нагласи дека локалната самоуправа продолжува да биде поддржувач на ваквите активности, а пред се на создавањето услови за нивна реализација.
 
„Smolevo Uphill Race“ прераснува во мега бајк евент во нашата држава. Ви благодариме на сите учесници и посетители за присуството. Се гледаме наредната година“, порачуваат организаторите од „Екстрим бајк тим“.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани