УЧЕНИЦИТЕ ОД ГОРНАТА ГИМНАЗИЈА ДРЖАВНИ ПРВАЦИ ВО КОШАРКА 3X3
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес организираше прием за учениците од Гимназијата „Јосип Броз Тито“, кои, во конкуренција од 93 средни училишта низ Македонија, го освоија пехарот и станаа државни прваци во кошарка 3x3 во машка конкуренција.
Градоначалникот Коњановски им честиташе на учениците Наум Марковски од III⁴, Благојче Димитровски од III², Лео Созовски од II³ и Благој Тарашовски од II¹. Тој изрази и посебна благодарност до нивниот ментор, професорот Антонио Трпковски, како и до директорката на Гимназијата, Лидија Споа, за континуираната поддршка што им ја даваат на учениците, поттикнувајќи го кај нив спортскиот и натпреварувачки дух.
Овој извонреден успех претставува голема гордост не само за Гимназијата „Јосип Броз Тито“, туку и за целата општина Битола.