2win800x200

Битолчанецот Драган Димов со отворено писмо до министерот Панче Тошковски - со денови чека за една потврда

Јуни 19, 2025

Отворено писмо до министерот Панче Тошковски


Дали сме за иднина во ЕУ или се враќаме во времето на Отоманската империја!?
Некои работи во МВР Битола се надвор од контрола.
Мојот родител(татко) му испратив полномошно од странство, го преведи и го завери на нотар, поднесе барање пред 7 дена на 12 јуни.
Барањето беше да ми се издаде потврда дека возачката не е фалсификат и дека ги имам положено категориите.
Му кажаа на шалтер дека документот ќе биде готов на 16 јуни понеделник.
Отиде во понеделникот и му кажаа тој што ги работел документите заминал на одмор, и му кажаа дека документот ќе биде готов во текот на истиот ден. Отиде попладне истиот ден, понеделник и му кажаа дека не е готов дека ќе биде нареден ден, вторник 17 јуни. Отиде вчера вторник 17 јуни и му кажаа дека документот е готов ама началникот на секторот не сакал да потпишува тој ден, не бил расположен ... Го упатија да оди кај него, влезе културно без да постави прашање беше избркан од него како некое најголемо ѓубре, а човекот има 70 години и можи да му биде татко, после тоа се врати на шалтер и жената која работи му кажа дека денес ќе биде документот готов околу 11 часот. Отиде денес во 11:30 за повторно да му кажат дека документот е некаде горе и се чека пак да се потпише.
Дали е ова Министерство за внатрешни работи или некој циркуз и своевина на некој си началник кој се изживува со возрасни луѓе од 70 години? Дали е ова во ред да се постапува во најбитната институција во државата која воедно треба да се грижи за народот и да ги спроведува законите?
Ова нема смисла и нема човекот каде да се обрати.
И пред се човечност, како некој да го игра цело време на 30 степини, 70 годишен пензионер. Ова е уште еден показател на државата дека воопшто не се грижи за своите граѓани туку некави луѓе со јасна цел ја уништувааат. Ве молам за одговор и релевантна помош. Мислам дека уште министерот е последната стапка каде можеме да реагираме и се уште има почит од народот.
Однапред ви благодарам на вашата укажана помош и доверба кон граѓаните. Овај документ во нормална европска држава се издава за половина час.
Еве уште еден показател зошто токму сме надвор од европското семејство.

Ве молам денес (19.06) мојот родител беше и повторно го вратија со некаква изјава дека документот е во изработка.

 

Писмо од Драган Димов  

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани