Млади тенисери од Битола и Петрич, Бугарија одржаа пријателски тениски турнир.
На 14-15 јуни се одржа возвратен тениски турнир под мотото „ЗАЕДНО МОЖЕМЕ“ во град Петрич, Бугарија.
На турнирот учествуваа млади тенисери од „АТП Пелистер 1979“ Битола, „МТП Скопје“-огранок Битола и Тениската академија „Нушеви“ од Петрич.
Турнирот беше во организација на здружението „Балкански мост“ Битола.
-Сакаме да искажеме голема благодарност до градоначалникот на Општина Битола д-р Тони Коњановски и градоначалникот на Општина Петрич Димитар Брчков кои што ја препознаа нашата искрена желба за добра комуникација и дружење помеѓу младите од двете страни на границата и не удостоија со подароци кои што младите си ги разменија помеѓу нив.
На нашиот турнир победата ја однесоа младите, без освоени први, втори или трети места. Така тие сите заедно станаа победници и ни одржаа една лекција по пријателство, љубов и соживот, но ни дадоа мотив и едно задолжение да не запреме тука, туку уште од сега да спремаме нов турнир за догодина, објавија од „Балкански мост“.