2win800x200

Пожарот кај депонијата Мегленци ставен под целосна контрола

Јули 07, 2025

Пожарот кај депонијата Мегленци во Пелагонија ставен под целосна контрола. 

 Од Противпожарната територијална  единица на Битола доцна вечерва потврдија дека пожарот е под контрола, а екипите се уште на терен. 
- Примена дојава во 13:25ч. за запалена трева и ѓубре над депонија Мегленци ТППЕ Битола интервенираше со 5 возила и 15 пожарникари.
Пожарот е под целосна контрола во 21:30ч. каде дел од ѓубрето се уште гори но нема опасност од негово проширување. Дел од екипите на ТППЕ Битола остануваат на терен се до целосно локализирање на пожарот, потврдија од противпожарната единица во Битола.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани