2win800x200

Битолчанката Искра Нечаковска замина за Париз на Меѓународна олимпијада по физика

Јули 17, 2025

Tимот од средношколци кои ќе ја претставуваат Македонија на 55. Меѓународна олимпијада по физика во Париз, Франција во периодот од 17 до 25 јули 2025 година денеска замина за Париз Франција. меѓу нив е нашата битолчанка Искра Нечаковска,  ученичка од Гимназијата "Јосип Броз Тито" Битола. 1000002960

 Тимот го сочинуваат-
Искра Нечаковска – III година, СОУ „Јосип Броз-Тито“, Битола,
Андреј Стојановски – IV година, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје,
Дамјан Стојанов – IV година, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје,
Михаил Шапчески – III година, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје,
Матеа Митревска – IV година, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје.  
 
Водачи на тимот се: проф. д-р Ламбе Барандовски, редовен професор на ПМФ во Скопје и Претседател на ДФРМ и Војо Митревски магистрант на Интитутот за физика при ПМФ во Скопје и поранешен олимпиец.
 
Тимот најтопло се заблагодарува на  Министерството за образование и наука кое покри 57,1 % од трошоците за котизација и пат на Олимпијадата, како и на родителите на учениците и на Друштвото на физичарите на Република Македонија за покривање на остатокот од средствата. Благодарност до Институтот за физика и Природно-математичкиот факултет - Скопје, кои како и секоја година овозможија подготoвките да се одвиваат во нивните простории.
 
Со лесно и со успех олимпијци!
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани