2win800x200

Нова услуга во Центарот за јавно здравје Битола - На лицата над 65 години дома ќе им се земаат примероци за микробиолошки анализи

Јули 23, 2025

Нова услуга во ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола  - Екипа за земање на примероци за микробиолошки анализи во домашни услови за лицата над 65 години

 

ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола воведува нова бесплатна услуга од 24 јули до 31 август 2025 - мобилна екипа што доаѓа директно во домот на лица над 65 години за земање примероци (брисеви, урина и сл.) за микробиолошки анализи. Целта е да се заштитат постарите лица од топлотните бранови и потребата да одат до здравствената установа. Како функционира услугата: Се закажува на телефон 070 208 100, еден ден однапред, со претходено издаден лекарски упат. Пациентите добиваат упатства за подготовка. Мобилна екипа со опремено возило доаѓа дома, ги зема примероците и ги носи на анализа Резултатите се објавуваат во „Мој термин“, достапни за пациентот и матичниот лекар. Услугата важи за Битола и околните села."

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани