2win800x200

Битолската библиотека донираше книги за Затворот во Битола

Јули 23, 2025

Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола  донираше 115 книги за КПУ Затвор - Битола. Донацијата ја прими доректорот на Затворот, Александар Јовковски.

Директорката Стефановска-Давкова кажа дека  „со оваа донација  испраќаме искрена поддршка и порака на надеж, бидејќи книгата не е само извор на знаење и култура туку таа е и алатка за промена, за личен раст, развој и за нови почетоци. Ова е само мал чекор за процесот на ресоцијализација, но овие книги ќе донесат светлина и инспирација таму каде што најмногу е потребно.“, рече Стефановска Давкова. 
 Читањето има моќ да го отвори умот, да ја смири душата и да ги поттикне луѓето на размислување, да помогне во градењето на самодоверба, критичко мислење и нови перспективи за иднината, наведуваат од Битолската библиотека.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани