Битолчанецот Сашо Илковски е новиот директор на Центарот за култура во Битола. Илковски на 22 јули е назначен на оваа позиција со решение на министерот за култура Зоран Љутков, за период од четири години. Илковски е магистер по инженерство и менаџмент, со повеќе од две децении професионално искуство во областа на културата, јавната администрација, дигиталните технологии, маркетингот и управувањето со проекти. Илковски синоќа свечено го отвори 55 издание на Интернационалниот фестивалот "Илинденски денови во Битола. 
Во својот професионален развој и работно искуство во последниот период тој беше Стручен соработник за музичко – сценска дејност во НУ Народен театар Битола.
Досега извршувал широк спектар на активности во следните области:
- Графички и веб дизајн – изработка на промотивни материјали, флаери, визуелни кампањи и изработка и дизајн на интернет страници; Наградуван со наградата за најдобар рекламен материјал на 57-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ Прилеп, исто така учесник со свои две дела од вкупна селекција од 50 најдобри плакати во официјалниот каталог на осмото меѓународно издание на Биеналето на театарски плакати во Вараждин 2025. Во изминатите години исто така сум работел на брендирање и изработка на креативи за над 35 претстави, но и на брендирање на Фестивалот на Монодрамата, две изданија на БИТ ФЕСТ, како и други проекти од областа на културата и другите индустрии во делот на комплетен дигитален маркетинг.
- Развивање на визуелни и мултимедијални решенија - фото и видео материјали – како дел од НУ Народен театар Битола, зад мене имам сработено голем број на фотографии за потребите на претставите како и видео спотови за истите, со комплетен ангажман на фотографирање, снимање и видео монтажа.
- Дигитален маркетинг – развој на стратегии за онлајн промоција, работа со социјални медиуми, кампањи за културни настани, изработка на голем број на креативи за потребите на претставите;
- Организација на настани – логистика и реализација на театарски премиери, дел од ораганизацијата на фестивалот БИТ ФЕСТ, меѓународни културни соработки и гостувања;
- Администрација на европски проекти – координатор на мултикултурен ЕУ проект во рамки на програмата Culture 2007–2013, каде што НУ Народен театар Битола беше единствен национален претставник, а јас бев административен координатор;
- Техничка поддршка и ИТ-одржување – имплементација и одржување на компјутерска опрема, софтвер и дигитална комуникација;
- Јавни набавки – член на комисијата за јавни набавки при НУ НТБ, подготовка на документација и транспарентно водење на процедури, како и обуки за постапката на јавните набавки,

-Ова искуство ми овозможува да се стекнам со интегрирани вештини од областа на културниот менаџмент, дигитална продукција и интердисциплинарни проекти со домашни и странски партнери, изјави Илковски за Апла. Текст А. Блажевска