2win800x200

Македонија го празнува Илинден – Честит празник Македонци каде и да сте!

Август 02, 2025

Македонија го одбележува Денот на Републиката, празник со кој се прославуваат двата големи историски и државотворни настани -Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ во манастирот Прохор Пчински, на кое беа поставени темелите на современата македонска држава. Државниот врв од Мечкин Камен, Пелинце и од Скопје ќе испрати пораки по повод 2. август.

Премиерот Христијан Мицкоски ќе биде дел од свеченостите во Скопје, каде ќе положи свежо цвеќе и ќе има обраќање по повод празникот. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, се очекува да присуствува на централната манифестација во Крушево, на Мечкин Камен – симболот на Крушевската Република и Илинденското востание од 1903 година.

Спикерот Африм Гаши најави дека поради здравствени причини нема да има говор на одбележувањето на празникот, поради што собраниската делегација ќе ја предводи потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, која ќе положи цвеќе на Меморијалниот центар „АСНОМ“ во Пелинце. Државната делегација, предводена од потпретседателката Бендевска, ќе го одбележи 2 Август – Илинден и во манастирот Прохор Пчински.

По повод чествувањето на 2 Август – Денот на Републиката, делегации и од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе присуствуваат на одбележување на големиот празник – Илинден во Крушево, Скопје и Пелинце

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани