2win800x200

Коњановски- Честит Илинден- симбол на заедништво и истрајност

Август 02, 2025

ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН – БИТОЛА СО ПОЧИТ ГО ОДБЕЛЕЖУВА ПРАЗНИКОТ

 1000003778
По повод големиот државен празник Илинден, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заедно со делегација од Советот на општина Битола, претставници на Сојузот на борци и политичките партии, положија свежо цвеќе пред споменикот на двата Илиндена кај Центарот за култура и пред Споменикот на илинденците во храмот „Света Недела“. Со овој чин беше оддадена почит на сите кои со својата жртва ја извојуваа слободата што ја живееме денес.
 1000003777
По повод празникот, градоначалникот Коњановски упати честитка до граѓаните, посакувајќи низ идеалите на нашите Илинденци, да ги надминеме предизвиците на денешнината и да продолжиме да создаваме подобра иднина и сигурност за новите генерации:
 
„Пред 122 години започна востанието кое ги постави темелите на нашата борба за слобода, а пред 81 година АСНОМ ја зацврсти идејата за независна држава.
Денес го славиме Илинден – симбол на заедништво, храброст и истрајност.
Од Илинденското востание и Крушевската република, преку Првото заседание на АСНОМ, до денешната независна Македонија, ја чуваме заветната мисла на нашите херои: државата се гради со љубов, посветеност и борба за заедничка иднина.
Со почит кон сите што го положија животот за Македонија, наша должност е нивните идеали да ги преточиме во дела – преку почит, разбирање и единство, да создадеме посилна и посигурна татковина за идните генерации.
Нека ни е честит Илинден! Нека ни е вечна Република Македонија!“, посака во честитката, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани