2win800x200

Министерот Тошковски вели ќе има маалски полицајци

Август 04, 2025

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на „Вести Плус“ порача дека ќе се прекине партизацијата во МВР, а институциите ќе функционираат врз основа на професионални критериуми и работно искуство.

„Факт е дека и според моменталната систематизација, началник на Одделот за организиран криминал мора да има најмалку десет години искуство. Опозицијата грубо ја манипулира јавноста, ширејќи страв дека ќе се вработуваат партиски кадри. Нема да има партизација. Ќе се вработува само според јасни и стручни услови“, истакна Тошковски. Најави и конкретна примена на концептот „маалски полицаец“. „Преку новиот закон за полиција, очекувам веќе од следната есен да имаме зголемена видливост на полицијата на терен. Истите службеници ќе бидат присутни во истите реони, со цел континуитет и доверба“, додаде Тошковски. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани