Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и директорот на КЈП „Нискоградба“, Зоран Талевски, денеска извршија увид во реализацијата на проектот за реконструкција на мешовитата канализациона мрежа на улица „Панде Кајзеро“. Проектот е финансиран преку првиот повик од Владата за капитални проекти во 2024 година, со износ од 3.249.089 денари.
Канализационата линија која е предмет на реконструкција се состои од два краци, кои се независни еден од друг: Крак 1 и Крак 2.
Кракот 1 се протега од југ кон северозапад, започнувајќи од постоечка ревизионa шахта на улицата „Илинденска“, каде што се влива, а завршува непосредно пред кривината, во должина од 309,70 метри.
Крак 2 се протега од запад кон исток, започнува од постоечка ревизионa шахта на улицата „7-ми Јули“, во која се влива, а завршува непосредно пред кривината, со вкупна должина на трасата од 50,80 метри.
При изведбата на канализационата линија, предвидено е постоечките бетонски цевки да се отстранат и да се заменат со нови коругирани ПЕ цевки, класа SN 8, со внатрешен пречник од 300 мм.
Преку истиот повик од Владата, по завршувањето на реконструкцијата на мешовитата канализациона мрежа, во втората фаза, која е отпочната со отстранување на постоечката калдрма, ќе следува изградба на коловоз во должина од 380 метри, во вредност од 5.385.770 денари.