2win800x200

15 години „НЕЗАБОРАВ“ 2010-2025: Среда, 20 август 2025 г. во Центарот за Култура - Битола

Август 16, 2025

Среда, 20 август 2025 г. во Центарот за Култура - Битола, со почеток во 20.00 ч. ќе се одржи традиционалната манифестација „НЕЗАБОРАВ“.

Годинешниот „НЕЗАБОРАВ“ е посветен на изминатите 14 приредби и
претставува ретроспектива на истите.
На настанот ќе Ве потсетиме за изминатите концерти кои беа посветени на:
Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бафтировски, Љупчо Спасеновски (Буба мара),
Добри Ставревски, Гоце Николовски, Миле Шерденков, групата „Битолски конзули“,
Битолчани на Валандово, Драган Каранфиловски-Бојс, Песни за Битола - прв и втор дел,
Песни од Интерфест 92-96 и Тоде Новачевски.
На концертот во живо ќе настапат познати битолски музичари и изведувачи.
Како и до сега, така и годинава,  „НЕЗАБОРАВ“ се реализира исклучиво со средства од
Општина Битола, во рамките на „БИТФЕСТ“ 2025.
Автор на проектот: Панде Димитровски.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани