2win800x200

Водовод Битола ќе ги гони законски сите што ја злоупотребуваат водата и имаат диви приклучоци

Август 26, 2025

Водовод Битола соопшти дека ќе се гонат законски сите што ја злоупотребуваат водата и имаат диви приклучоци. Денеска директорот Андреј Гинов одржа средба со преставници на МВР и ОЈО. Преземање законски мерки против злоупотреба на вода и диви приклучоци

 
 Во просториите на ЈКП „Водовод“ – Битола се одржа состанок на кој присуствуваа претставници од Општинскиот инспекторат, Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство.
На состанокот беше дискутирано за проблемот со злоупотреба на вода преку нелегални приклучоци и кражба на вода, со што се нанесува сериозна штета на јавното претпријатие и на сите совесни корисници.
 
Се информира јавноста дека секоја злоупотреба на водата ќе биде предмет на соодветна постапка согласно важечките законски регулативи. 
Против сите лица кои ќе вршат кражба на вода или ќе користат диви приклучоци ќе бидат преземени соодветни санкции преку надлежните органи.
 
ЈКП „Водовод“ – Битола упатува апел до сите граѓани и правни субјекти да ја користат водата на законски начин, а воедно ги охрабрува да пријавуваат евентуални злоупотреби. 
 
 Само со заеднички напори може да се обезбеди  правилна распределба на овој драгоцен ресурс.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани