2win800x200

Српската банка ја запира постапката за преземање на Стопанска банка Битола

Август 26, 2025
стопанска банка стопанска банка

Македонската Комисија за хартии од вредност (КХВ) ја запре постапката во која српската компанија Алта Груп требаше да ја преземе Стопанска банка Битола. Постапката, според КХВ, е запрена по барање на српската фирма поради промена на преземачот во рамки на групацијата. Во кратката ценовно чувствителна информација објавена на Македонската берза, се вели дека Алта Груп сè уште има намера да ја преземе Стопанска банка Битола, но не преку Алта Банка туку преку друга членка на групацијата.

„Известуваме дека согласно член 22, став 1 од Законот за преземање на акционерски друштва, Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, на ден 25.8.2025 година … постапувајќи по барањето на Алта Гроуп ДОО Белград, Р. Србија за добивање дозвола за понуда за преземање на акционерското друштво Стопанска банка а.д. Битола, на својата седница одржана на ден 19.08.2025 година донела Решение со кое постапката се запира поради промена на преземачот во рамки на истата групација“, се вели во информацијата објавена на Македонска берза.

Понатаму во инфромацијата се додава дека Алта Груп, „во Барањето за запирање на постапката истакнал дека останува при намерата за преземање на Стопанска банка а.д. Битола, односно не се откажал од намерата за преземање на Стопанска банка а.д. Битола, туку само врши промена на преземачот во рамките на истата групација“.

Карактеристично е што КХВ и покрај тоа што одлуката за запирање на постапката ја донела на седницата одржана на 19 август 2025 година, во соопштението од таа седница не се спомнуваат ниту Алта Груп ниту Стопанска банка Битола.

Неколку дена претходно, на 21 август, на берзата беше објавена уште една чувствителна информација за Стопанска банка Битола, во која се обелодени дека членовите на Управниот одбор на битолската банка биле информирани дека Алта Банка АД Белград, членка на Алта Груп има намера да даде понуда за преземање до 100 отсто од обичните акции со право на глас. Како што се додава во оваа информација, српската банка сака да понуди износ од 3.777 денари по акција, или околу 24 милиони евра за битолската банка.

Со истото известување е најавено дека Алта Груп ќе поднесе барање за дозвола за понуда за преземање до Комисијата за хартии од вредност откако ќе добие одобрение од релевантните институции во Србија (Странско одобрение) и согласност од домашните тела и институции. Имајќи предвид дека вчера групацијата побарала запирање на постапката по поднесеното барање за дозвола за понуда, може да се претпостави дека сите потребни барања од српските и од македонските институции, како на пример Народната банка на Република Северна Македонија и Комисијата за заштита на конкуренцијата, Алта Груп веќе ги има добиено.

Текст МЕТА

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани