Психолошкото катче за млади, деца и возрасни - " Растеме и учиме" од Битола од септември продолжува со психолошки работилници.
Контактирајте со Марина Кузмановска 070 759-168 и Рената Димановска 075 627-210.
- Драги родители, со радост ве известуваме дека психолошкото катче за деца и млади „Растеме и Учиме“ од септември продолжува регуларно со своите психолошки работилници!
Во тек е формирањето на групите доколку сакате вашето дете да биде дел од нашите работилници, можете да се пријавите во порака или на нашите телефонски броеви кои се истакнати на самата страна.
Што добиваат децата на работилниците?
- Работа на себе и развој на сопствените потенцијали
-Препознавање и изразување на емоции
-Градење на самоподдршка
-Зајакнување на самодовербата
-Вештини за подобра комуникација и социјализација
- И уште многу алатки за личен раст и развој.
Работилниците се организирани во модули прилагодени на возраста на децата, а целосната програма е достапна на нашата страница.
Работилниците ги водат искусни психолози и психотерапевти, кои со љубов и професионализам им помагаат на децата да растат посигурни, посреќни и посамостојни.
Пријавете го вашето дете и бидете дел од нашата приказна каде што растењето станува учење, а учењето сила за живот!