
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Подготвена е кујната за вработените во РЕК "Битола" и ќе биде отворена кон крајот на септември, најави премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на комбинатот по повод Денот на рударите. Со кујната ќе стопанисува АД ЕСМ Молика. Кујната „ФРАНКО“ е обновена и комплетно реконструирана во кругот на РЕК "Битола", каде што од есенва вработените во комбинатот, по повеќе од дваесет години ќе добиваат топол оброк. Ова ќе значи поквалитетна исхрана на вработените и вистинска грижа за нивната целокупна здравствена состојба, велат од АД ЕСМ Молика.