2win800x200

Битола на мапата на европските фудбалски градови

Септември 09, 2025

БИТОЛА НА МАПАТА НА ЕВРОПСКИТЕ ФУДБАЛСКИ ГРАДОВИ

 
Македонската химна, заедно со химната на Италија, денес прозвучија од стадионот „Петар Милошевски" во Битола. Во присуство на делегати од УЕФА, претставници на ФФМ, градоначалникот Тони Коњановски, секретарот Борче Димитровски, пратеници во македонското Собрание, советници и бројна публика од околу 8000 гледачи, која го исполни стадионот до последното место, селекциите на двете држави за играчи до 21 година, одиграа меч со резултат 1:0 за Италија. 
 1000005417
Во ложата на стадионот „Петар Милошевски“ беа и многу македонски легенди кои се во функција на ФФМ, предводени од претседателот Масар Омерагиќ. 
 1000005413
На трибините заедно со селекторот на сениорите Благоја Милевски, беа и Горан Пандев, Ѓорѓи Христов, Илија Најдовски, Николче Новески, како и голем број битолски фудбалски легенди од сите генерации. 
 
На натпреварот присуствуваа и амбасадорите на Италија и Шпанија во нашата земја, Паоло Палминтери и Рафаел Соријано Ортиз.
 1000005414
Вистински спортски празник, во спортска Битола.1000005415 БИТОЛСКАТА ПУБЛИКА БЕШЕ НАШИОТ 12 ИГРАЧ НА СТАДИОНОТ „ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ“
 
Битолската публика, која во огромен број го исполни стадионот „Петар Милошевски“, со несебичната поддршка за нашите фудбалери беше вечерашниот дванаесетти играч на натпреварот помеѓу Македонија и Италија. 
 
Енергијата на трибините, спортскиот дух и гласната поддршка уште еднаш ја потврдија препознатливата битолска спортска традиција и љубов кон спортот. Со своето присуство и навивање, битолчани оставија посебен печат на овој настан и создадоа атмосфера за паметење.
 1000005416
Општина Битола е горда што ја има најверната публика, која секогаш стои зад своите спортски натпреварувачи. Ви благодариме што покажавте како се гради спортски дух и заедништво.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани