
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пожар претпладнево избувнал во куќа во центарот на градот, сведок на старата битолска архитектура. Објектот е на ул. "Климент Охридски" , наспроти комплексот Стара Болница. Според командирот на Противпожарната територијална единица, Христијан Тодоровски, во моментов пожарот е локализиран. Битолските пожарникари интервенираа со две возила и 7 пожарникари. Во огнот кој избил од внатрешноста на објектот опожарени биле две соби и кровната конструкција, потврди Тодоровски за Апла.