
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
СВР Битола информира дека утре во терминот од 7 до 12 часот, заради одржување на спортската манифестација „Трчај, бе 2025“ во чии рамки ќе се одржи и Националното првенство во полумаратон, ќе преземе мерки на посебен режим на сообраќај. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива на булеварот „1-ви Мај“, улица „Генерал Васко Карангелески“ од кружниот тек кај Педагошка до кружниот тек кај Веро, потоа улица „11-та Македонска Дивизија“ до базен Довлеџик, улица „Филип II Македонски“ се до кружниот тек кај Дулие, улиците „Батаљон Стив Наумов“, „Прилепска“, „4-ти Ноември“ и „Широк Сокак“ до стартот на трката кој воедно е и цел.
Апелираме до граѓаните, нагласуваат од СВР Битола, паркинг местата кај плоштад „Магнолија“ односно Саат Кула и на улица „Солунска“ кај Широк Сокак да бидат слободни во недела наутро со цел непречено движење на тркачите меѓу кои ќе има и репрезентативци на повеќе земји.
Во периодот на времен режим на сообраќај, предвидени се доволно алтернативни рути и полициски службеници кои ќе го контролираат сообраќајот