2win800x200

Македонско-турското здружение од Битола со поддршка на иселеници од Измир ќе формира фолклорна група во Будаково

Септември 14, 2025

Денес во посета на Македонско - турското здружение ,,Мустафа Кемал Ататурк”-Битола беше претседателот на Федерацијата на здруженија на иселениците од Македонија во Турција, со седиште во Измир. Битолското здружение од неодамна е дел од оваа Федерација и во план се соработки на повеќе полиња. Според претседателот на Македонско-турското здружение, Шенол Мемиш, побарана е помош од Федерацијата за формирање на фолклорна група во с.Будаково која би го негувала македонскиот и турскиот фолклор.

„Побаравме помош во материјали за изработка на носии, со кои би биле опремени игроорците од новата фолклорна група. Од страна на претседателот Хасан Гани ни беше ветена помош и поддршка за нашите активности”, рече Мемиш по средбата.  

Ова здружение минатата година сними два документарни филма и организира изложба на фотографката Бенита Стојмирова. До крајот на годинава најавуваат повеќе активности и три документарни филмови.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани