Одделенската наставничка битолчанката Наташа Тодоровска е избрана за просветен работник на годината за 2024-2025 година од Сојузот на просветни работници на Македонија во категоријата - одделенска настава.
"Ова признание за мене претставува голема чест, но и поттик да продолжам уште посилно да вложувам во својата работа, во развојот и успехот на моите ученици.
Им благодарам на Сојузот на просветни работници за укажаната доверба и за тоа што ја препознаа мојата посветеност, труд и љубов кон професијата.
Благодарност упатувам и до сите мои генерации на ученици, нивните родители, моите колеги (сегашни и во пензија) и раководството на училиштето – без нивна поддршка, соработка и мотивација, овој успех немаше да биде можен", објави Тодоровска.
Како што вели -"Ова признание го посветувам на моето семејство кое безрезервно ме поддршуваше во секој мој професионален чекор.", напиша Тодоровска.
Од ООУ "Ѓорги Суграев" Битола објави дека наградата за Тодоровска е потврда дека нејзината врвна стручност, посветеност и извонреден придонес во образованието на национално ниво.
"Ова високо признание е јасен доказ за нејзиниот извонреден професионализам и посветеност кон воспитно-образовниот процес, неуморно негувајќи ги потенцијалите на учениците, обезбедувајќи менторска поддршка на колегите и поставувајќи нови стандарди во стручноста и хуманоста. Таа е вистинска инспирација и столб на образовната заедница, оставувајќи траен белег во развојот на идните генерации.
Горди сме што токму Наташа е дел од нашиот колектив и го возвишува угледот на нашето училиште", објавија од ООУ "Ѓорги Сугарев".