Никола В.Ристевски (1995) поет, раскажувач и драмски писател од Битола, по професија дипломиран правник доби втора награда за новосоздаден македонски збор. Младиот битолчанец го создаде зборот .ЕКРАНКА – Screenshot (анг.) Никола В. Ристевски "Екранка" ја објаснува со следното образложение.
"Брза дигитална слика од моменталниот приказ на екранот на телефонот или компјутерот."
Ристевски објави дека неговиот новосоздаден македонски збор освои втора награда на настанот „Зборотворба на годината“, којшто годинава за првпат беше организиран од Зборци (zborci.zborci).
"Оваа награда му припаѓа на македонскиот јазик којшто се збогати со уште еден македонски збор. Причината зошто го осмислив зборот „екранка“ може да се согледа од потребата за да се најде соодветна македонска замена за странски збор, којшто доста често се употребува во секојдневието, со македонски збор којшто во иднина би се користел во македонската книжевност, а пред сѐ во секојдневното општење.
Токму затоа, сметам дека ова е само делумна награда – целосната награда ќе се добие тогаш кога зборот „екранка“ ќе почне активно да се употребува во секојдневното пишување и говорење, објваи Никола В. Ристевски.
Наградениот книжевник додваа дека -"Нам како Македонци ни претставува света должност да го обогатуваме македонскиот јазик, зашто друг јазик немаме."