2win800x200

На платото пред Офицерски дом во Битола - „Песни од срцата“, концерт на Ана и Игор Дурловски во Битола

Септември 17, 2025

Кулурно-информативниот центар-Битола ќе ја заврши културната сезона за ова лето со концертот „Песни од срцата“ на кој ќе настапат оперските уметници Ана Дурловски и Игор Дурловски.

 

Во Среда на 17 Септември со почеток во 20.00 ч. на големото плато пред Офицерски дом - КИЦ Битола со голема возбуда го најавуваме концертот „ПЕСНИ ОД СРЦАТА“, со врвните македонски оперски уметници Ана Дурловски и Игор Дурловски, придружувани од Камерениот оркестар „АЈГА“ под диригентска палка на Иван Еминовиќ.
Публиката ќе има единствена можност да ги проследи традиционалните македонски песни како; „Дејгиди, луди млади години“, „Разболела се Ленка“, Пингова, „Што да правам, што да чинам“, „Си заљубив едно моме“, „Пајдушко“ и многу други во изведба на дуото Дурловски.
Ве покануваме на ова исклучително музичко доживување со кое на најдостоинствен начин ќе ја испратиме богатата летна културна сезона.
Влезот е слободен.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани