2win800x200

Во Битола веќе една година работи прифатилиште за бездомни животни

Септември 26, 2025
ЕДНА ГОДИНА ОД ПРИФАТИЛИШТЕТО „ХАЧИКО“
 
Деновиве се одбележува една година од отпочнување со хуман третман на
животните во Општина Битола и со отпочнување на работа на прифатилиштето
Хачико.
 
Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, заедно со директорот
на ЈП „Комуналец“ Горан Степановски, го посетија прифатилиштето, во
присуство на ученици од ОУ „Тодор Ангелевски“и претставници на
невладиниот сектор.
 
„Прифатилиштето има склучен договор со повеќе ветеринарни друштва од
Општина Битола за хуман третман на уличната популација на кучињата.
Ова прифатилиште ги задоволува сите стандарди за хуман третман на
животните и се работи според програма за хуман тертман на животните која
ги дава насоките на работа“, посочи градоначалникот Тони Коњановски.
 
Градоначалникот Коњановски уште еднаш упати апел до граѓаните да бидат
одговорни сопственици и доколку своите кучиња ги пуштаат слободно да
шетаат на јавна површина, соодветно да се однесуваат кон нив во насока
на хуман третман.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани