
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По долго боледување почина Томе Влашевски-Кубата, познат музичар и естраден уметник од Битола. Кубата, како што го познаваа битолчани започна во рок групата "Хомо сапиенс" продолжи како прв пејач на популарната група "Молика", потоа продолжи во групата "Бон Тон" и во последниот период настапуваше како соло пејач по битолските локали. Влашевски беше професор по физичка култура и дел од работниот век го помина во македонската армија. Во новинарските кругови Кубата беше долги години монтажер и снимател во телевизија ТЕРА.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре од 9:00 часот во капелата на црквата „Св. Недела“ , а погребот ќе биде од 11:00 часот.
