
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 92 годишна возраст почина професорот Александар Стерјовски хроничарот на Битола. Неговото тело ќе биде изложено в понеделник во храмот Св. Димитрија во Битола, а погребот ќе се изврши на Буковски гробишта. Стерјовски беше најисцрпниот хроничар на Битола. На литературен македонски јазик можеше да зборува за историјата на градот со часови. Книжевност студирал во 1953 година, осум години по кодификацијата на македонскиот стандарден јазик. Ја имал ретката привилегија да му предаваат најзначајните фигури за македонскиот јазик во 20 век, академик Блаже Конески, Харалампие Поленаковиќ, еден од основоположниците на историјата на македонската книжевност. Стерјовски зад себе остави голем број на авторски книги, а дел од книжевниот фонд што го поседуваше годинава го донира во Битолската универзитетска библиотека