АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По повод Денот на Македонската револуционарна борба, 23 Октомври, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ-Битола, утре, вторник, ќе организира трибина за формирањето, делото и значењето на Македонската револуционерна организација.
„Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Битола, Ве поканува заедно да го одбележиме еден од најзначајните денови во македонската историја, предвесникот на Илинденското востание, денот кога се удрени темелите на македонската борба за самобитност“, се наведува во поканата од УМС на ВМРО-ДПМНЕ -Битола.
Трибината ќе се одржи на 23 октомври во 17 часот во малата сала на Центарот за култура во Битола.