ДНЕВЕН ЦЕНТАР ЗА СТАРИ ЛИЦА СО АКТИВНО СТАРЕЕЊЕ
Преку проектот за подобрување на социјалните услуги поддржан со грант од Светска Банка, Општинската организација на Црвен крст Битола и Општина Битола, започнуваат со реализација на услугата Дневен центар за стари лица со активно стареење.
Социјалната услуга која е наменета за лицата од третата доба-старите лица, всушност преставува превенција на потребата од вонсемејна заштита, односно целосна поддршка и исполнување на потребите на старите лица кои имаат потреба од оваа услуга со цел да се подобри и одржува квалитетот на живот и ќе се направи превенција од вонсемејна заштита.
Вечерва во присуство на Генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија Саит Саити, претседателката на Црвениот крст Битола Лилјана Ристевска, секретарот Кристијан Крстевска, градоначалникот на Битола Тони Коњановски, претседателот на Советот Бојан Бојкоски, свечено беше пуштен во употреба овој реконструиран центар.
Во своето обраќање градоначалникот Коњановски истакна:
“ На почеток дозволете да го искажам моето задоволство што вечерва сум со вас, на отворањето на Дневниот центар за активно стареење на стари лица, реновираните простории на најхуманитарната организација, која има своја историја и секогаш била во првите редови кога од вас граѓаните ја имале потребата.
Црвениот крст на Република Македонија е единствена организација на територијата на државата, која ја сочинуваат организациите на Црвениот крст на општините, вклучително и како што ние си го викаме Битолскиот Црвен крст.
Со посебен пиетет зборувам кога станува збор за организација која е доброволна, масовна, самостојна, непартиска и независна и слободно можам да кажам дека ова е збир на човечност, човечност во вистинската смислам на зборот.
Во оваа прилика сакам да истакнам дека Општина Битола од програмата за социјална заштита за 2025 средства за Општинската организација на Црвениот Крст одвојува средства за поддршка за обука на лица за лична асистенција, обука за лица за нега во домот, потоа поддршка за згрижување на бездомни лица, како и поддршка за реализација на проектот Итно копче кој треба да започне до крајот на годината” рече градоначалникот.
Претходно Општина Битола со Министерството за социјална политика, демографија и млади и Црвениот крст на Република Македонија Општинска организација Битола потпиша договор за грант за подобрување на социјалните услуги, преку кој се реализира
социјалната услуга Центар за дневен престој за стари лица со активно старење, во рамките на проектот од третериот повик за развој на социјалните услуги на Светска банка.