
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За првпат денот на планината во Македонија се славеше на Пелистер. Настанот беше организиран од ФПСМ, ПСК Пелистер и ЈУНП Пелистер. Повеќе од 500 планинари од цела Македонија се движеа по новата патека од Цапари до Цапарска пресека низ кањонот на Цапарска река, промовирајќи ги убавините на досега најмалку посетуваниот дел на Пелистер. Настанот опфаќаше и планинарска забава на Инфоцентарот на НП Пелистер каде беа доделени и посебни признанија за достигнувања во делот на планинарењето од страна на ФПСМ
