КИНО ПОД ЅВЕЗДИТЕ за зимските празници!
Има Варшава…
А сега ќе има и Битола.
Ова е и прво зимско кино во Македонија, објави организаторот на Зимската приказна Општина Битола најавувајќи зимско кино на Плоштадот "Магнолија" во Битола под ведро небо.
-Зимата во Битола годинава добива своја кино-сцена под отворено небо со светилки над плоштадот Магнолија, столици под ѕвездите
и филмови што се дел од нашата празнична меморија.
Оваа година светот слави и јубилеј:
„Home Alone“ – 35 години филм што стана празничен ритуал па еве и два наслови од франшизата
Кино програмата ќе трае 5 денови од 20-25 декември на плоштадот Магнолија, а почетокот на проекциите е 17.00ч.

Репертоар ▪️
• Home Alone
• Home Alone 2
• Elf
• Grinch
• Die Hard (да, и ова е божиќен филм)
Битола не глуми зимска приказна.
Таа ја живее.
Кино под ѕвездите | Зимска приказна – Битола 25/26
Бесплатен влез, седишта за оние кои ќе дојдат по принципот • прв дојден/прв услужен, објави организаторот.