
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битола - Погрешното паркирање на битолските политичари денеска е во фокусот на вниманието на битолската јавноста.
Порталот „Булевар“ објави фотографија на која се гледа советникот од независната листа „Поинаку“, Иван Чулаковски – Чулако, како зборува на телефон додека неговото лично возило е непрописно паркирано на една од најпрометните улици во центарот на градот.
„Очигледно, советникот имал неодложни обврски – во случајов, да го задоволи апетитот. За да не се мачи со барање на регуларен паркинг, тој го оставил своето возило буквално на тротоарот, на оддалеченост од едвај 50 сантиметри од местото каде што се служи храната, објави „Булевар“ не наведувајќи кога е направена фоотграфија, тука само посочува дека читател на „Булевар“ утрово им испратил фотографија која ја отсликува „сообраќајната култура“ на избраните народни претставници во Битола.

фото bulevar.mk
Неколку часа претходно Независната иницијатива „Поинаку“ објави фотографија од исто така погрешно паркиран (црвен) автомобил за кој тврди дека е на секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски.



