2win800x200

Денеска за товарен сообраќај ќе биде затворен граничниот премин Меџитлија - превозниците на протест

Јануари 26, 2026

Поради најавата на транспортните превозници за блокада денеска во нашата држава ќе се затворат за товарен сообраќај граничните премини: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блато и Блаце, а Табановце – Прешево ќе биде затворен од српска страна. 

Поради воведувањето на новиот систем за влез и излез (ЕЕС) на Европската Унија, македонските превозници, како и од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, најавија дека ќе почнат седумдневна блокада на граничните премини што одат кон шенген-зоната. Се бара решавање на проблемот со евиденција на престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена за професионалните возачи.

 

-Протестот во сите четири држави ќа почне во 12:00 часот за сите возила што излегуваат од државата, а за сите возила што ќе влегуваат во државата граничните премини се затвораат во 00:00 часот со цел сите што се враќаат дома да може да влезат и да му се приклучат на протестот. Главното барање на превозниците е да се најде решение за престојот на возачите во шенген-зоната да не се евидентираат денови или да ни издаваат некој вид визи што не се лимитирани со број на денови, изјави Билјана Муратовска, генерален секретар на Асоцијацијата на здруженијата на работодавачите на превозните трговски друштва на Република Македонија, „Макам-транс“.

Муратовска укажува дека новите правила ќе значат целосен колапс на економијата во државата, односно во целиот регион на Западен Балкан, вклучуваќи ја и Турција (држави што не се членки на ЕУ и на шенген-зоната), поради прекин на синџирот на снабдување. Транспортната индустрија, пак, посочува, во која има вложен огромен капитал и обезбедува прилив на ефективни странски пари во буџетот, ќе биде целосно разнишана.  

Максимално траење на блокадите ќе биде седум дена, што, посочува таа, е синоним за еден просечен циклус на превоз на стока.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани