2win800x200

Домот за стари лица „Сју Рајдер“ Битола најавува корекција на цената на услугите

Јануари 26, 2026
ЈОУ Дом за стари лица „Сју Рајдер“ Битола најавува промена на  цената на услугите за корисниците за сместување. Информацијата со нвоите цени ви ја пренесуваме во целост 
 
 
Цената на услугите за лицата сместени со индивидуални договори се одредува врз основа на висината на трошоците што се потребни за набавка
на стоки и услуги за обезбедување на претходно споменатите потреби, како и нејзино усогласување врз основа на податоци од Државниот завод за
статистика за порастот на животните трошоци во претходната година.
 
Корекција на цените на нашите услуги е потребна и издржана поради порастот на трошоците за: храна, електрична енергија, гориво за греење,
средствата за хигиена, платите на вработените, одржување на опрема и објекти, набавка на потрошен материјал и делови за опремата, транспорт
до други институции (за услуги кои не се во нашиот домен- најчесто тоа се здравствени, лабараториски и сл.услуги) и други стоки и услуги кои се
дел од секојдневното живеење или се јавуваат повремено.
 
Врз основа на спроведената финансиска анализа на годишните расходи за просечен број на корисници 150 (колку што изнесува сместувачкиот
капацитет на Установата кој е константно исполнет) се дојде до следниот податок:
 
Вкупниот просечен месечен трошок по лице изнесува 31.000,оо денари, од кои приближно 50% е наменска дотација од Министерството за социјална
политика, демографија и млади, преку Централниот буџет и тоа  во делот за плати и надоместоци на вработените.
 
Во анализираните расходи не се внесени вложувања во нова опрема освен вложувањата во поправка и одржување на постоечката опрема како и мали
набавки на ситен инвентар, душеци за кревети, наткасни и сл.
 
Корегираните месечни цени според ова би изнесувале:
 
-за лица кои имаат делумна потреба од помош и нега 12.000,оо денари или
395,оо денари дневна цена и
-за лица кои имаат целосна потреба од помош и нега 15.000,оо денари или
493,оо денари дневна цена.
 
Исто така ова е поткрепено со фактот дека најголемиот дел од корисниците се пензионери, а најниската старосна пензија изнесува 18.300,оо денари
што значи дека трошоците за сместување ќе можат да ги подмируваат со сопствени приходи и нема да бидат на терет на семејството или
старателите. Поголем број од корисниците кои се во потешка здравствена состојба остваруваат право на надоместок за туѓа помош која исто така
влегува во нивните лични приходи. Со остатокот од личните примања би подмирувале трошоци за лекови и медицински материјали кои не се дел од
предложените цени бидејќи на нив имаат право како здравствени осигуреници преку рецепти и упатници од нивните матични лекари.
 
Напоменуваме дека цените на нашите услуги последно се изменети во октомври 2013 година и изнесуваат 9.711,оо односно 11.737,оо денари по
категории.
 
Сепак ние сме Установа од областа на социјалната заштита и мора да ги имаме во предвид сите фактори кои влијаат врз потребата за сместување на
поединци и можноста тоа право да го остварат во рамките на нивните финансиски примања.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани