2win800x200

Битола ќе добие спомен обележје за депортираните Евреи - Плоча со 3.276 имиња ќе сведочи за трагедијата од 11 март 1943

Февруари 16, 2026

Општина Битола донесе одлука и ја прифати донацијата од Еврејската заедница во Република Македонија за изградба на Спомен-обележје за депортираните Битолски Евреи за време на Втората светска војна.

Според проектот, Спомен обележјето ќе биде подигнато на Еврејските гробишта во Битола каде ќе биде поставена плоча со имињата на депортираните Евреи од овој град.

Иницијативата на Еврејската заедница во Република Македонија за подигање Спомен обележје на Еврејските гробишта во Битола е согласно законот за меморијални споменици и спомен обележја и согласно насоките од Управата за заштита на културното наследство. Целта на иницијативата е подигање на спомен облежје со трајна културна, историска и меморијална вредност, во чест на сеќавање на битолската еврејска заедница и нејзините сограѓни кои ги изгубија своите животи во Холокаустот, како и зачувување на споменот на заедницата што дала значаен придонес во развојот на градот Битола.

Како што е познато, на 11. март 1943 година од Битола во логорот на смртта во Треблинка беа депортирани 3.276 битолски Евреи.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани