2win800x200

Потребни се реформи на јавните комунални претпријатија во државата

Март 18, 2026
Во организација на Здружението на даватели на комунални услуги во Охрид се одржува настанот „Денови на АДКОМ – Денови на комунални услуги“.
Настанот ги обединува претставниците на институциите, јавните комунални претпријатија, локалната самоуправа и меѓународни експерти, со цел отворање на клучни прашања и предизвици во комуналниот сектор. Учествуваат и директорите на битолските јавни претпријатија Водовод, Комуналец и Нискоградба.
Во рамките на настанот има две панел-сесии. На првиот панел на тема „Кластеризација на секторот за водни услуги – придобивки и предизвици“ се дискутираше за можностите за реорганизација на водниот сектор, подобрување на инфраструктурата и координацијата на институциите.
 
654258480 963808236002058 7283234245624538482 n
 
Меѓу панелистите е и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, како и заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска.
Градоначалникот Коњановски зборуваше за предизвиците со кои се соочија во минатото јавните претпријатија во Битола, а го спомена и примерот со меѓуопштинското претпријатие „Пелалинк“ кое опфаќа три општини, што беше поздравено од присутните како практичен пример на темата на која се дискутира.
„Општина Битола има осум јавни претпријатија, „Водовод“, „Комуналец“, „Нискоградба“, „Паркинзи“, „Пазари“, индустриската зона „Жабени“, јавно претпријатие за урбанистичко планирање и „Пелалинк“ јавно претпријатие за превоз на патници, кое е задничко со општините Могила и Новаци. Ако тргнеме од ова последното, можам да кажам дека позитивни се искуствата и токму тука се случи тоа окрупнување, односно создавање на едно претпријатие за повеќе општини“ рече градоначалникот на Битола.
Според него современото управување со комуналните услуги е пред историски предизвик.
Кластеризацијата се однесува на соработка помеѓу општините со цел да се подобри ефикасноста и одржливоста на водните услуги. Преку споделување инфраструктура, техничка експертиза и ресурси, комуналните претпријатија можат да функционираат на поефикасно ниво, при што се задржува локалната сопственост и одговорност.
Меѓуопштинската соработка може да вклучува физичка интеграција на системи и инфраструктура, заедничко управување со водните услуги на регионално ниво или споделување оперативни, финансиски и технички капацитети.
На втората панел-сесија на тема „Дефицит на млади кадри во комуналниот сектор и позицијата на младите“, фокусот е на предизвиците со недостиг на млади кадри, образованието и можностите за задржување на работната сила.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани